Органите на прогон трет ден не го повикуваат премиерот Зоран Заев да одговори во врска со поттикнувањето на сопствениците на фирми да купуваат гласови.
Не го повикале ниту сопственикот на „Минстрој“, ниту пак вработените за да проверат дали се исплатени или ќе се исплатат пари.
Освен ова, Заев не е распрашан ниту за тоа со кои се други фирми контактирал, иако кружат разни информации за поткуп и закани.
Молк во „Минстрој“ откако премиерот побара „честење“ на работниците ако излезат на референдумот
Молк во бугарски „Минстрој“ – компанијата која ги држи под концесија рудниците „Злетово“ и „Тораница“, откако премиерот побара „честење“ на работниците ако излезат на гласање за референдумот, пренесува телевизија „Алфа“.
Тој на трибината во Крива Паланка, порача бизнисмените да го одврзат, како што рече ќесето, и на вработените да им поделат бонус плата пред референдумот.
Дали сопственикот ќе го послуша премиерот, отидовме да се увериме на лице место. Компанијата се наоѓа во непосредна близина до бугарската граница, каде барем денеска, не бевме добредојдени. Откако Алфа дојде на лице место, никој не сакаше да зборува пред камера.
Во меѓувреме, дел од работниците кои со автобус пристигнаа на работа, исплашени да не останат на улица, не сакаа да кажат ништо околу наводниот бонус кој треба да им се исплати. Револтирани, оддалеку дофрлија дека газдата на рудникот немал пари за медицински персонал кој по Закон морало да го има, а камо ли да добијат екстра плата наредниот месец.
Николај Влаканов, сопственикот на бугарската компанија „Минстрој“ не бил во земјава, барем така ни кажаа од компанијата, од каде ни рекоа веднаш да си одиме, зашто не гледале потреба да дадат какви било информации.
Претходно, Дали премиерот објаснувајќи каква иднина ќе му претстои на бизнисот во земјава како членка на европското семејство, го занемари фактот дека за поттикнување изборен криминал, Кривичниот закон предвидува високи казни.
Со Законот за референдум најстрого се забранува вршење на притисок за излез на гласање, стои во Изборниот законик. Никој не може да биде повикан на одговорност за гласање, односно негласање на референдум, стои во Законот за референдум.
„Тој што на лице со избирачко право му нуди, дава или ветува подарок или друга корист, со намера да го придобие да го врши, да не го врши или како да го врши избирачкото право, ќе се казни со затвор најмалку пет години“, ова го предвидува членот 162 од Кривичен закон, а се донесува на поткуп при избори и гласање.
Според ова, Основното јавно обвинителство треба да покрене постапка и да утврди, дали постоеле вакви притисоци врз вработените.
Премиерот го прекрши кривичниот законик: На Зоран Заев му се заканува затворска казна до три години
Какво било ветување подарок или друга лична корист на гласач е кривично дело според кривичниот законик во Република Македонија и може да се казни со казна затвор до три години.
Редакцијата на Курир до Јавното обвинителство и ДИК постави едноставно прашање: „ Дали според законот е дозволено сопственици на фирми да им нудат екстра пари на вработени во замена за нивниот глас? “
Одговор досега добивме само од Јавното обвинителство.
– Во Кривичниот законик во посебна глава XVI се уредени забранетите дејствија што се однесуваат на кривичните дела против изборите и гласањето. Во рамките на оваа глава е уредено и прашањето за кое покажувате интерес.
А таму во делот поткуп при избори и гласање во член 162, став 1 го пишува следното:
-Тој што на лице со избирачко право му нуди, дава или ветува подарок или друга лична корист, со намера да го придобие да го врши, да не го врши или да го врши избирачкото право во определена смисла, ќе се казни со парична казна или со затвор до три години.
Според овој член од кривичниот законик премиерот на Република Македонија пред два дена откри дека бизнисменот Николај Влаканов сторил кривично дело по овој член.
-Еве денес и приватните компании се разбудени. Слушнав денеска во Владата се видовме со Влаканов, инвеститорот на „Минстрој“, вели „Испратив порака до работниците, да излезат сите и да гласаат на референдумот. Тоа е добро за Македонија, за Крива Паланка, но и за мојата компанија затоа што се остваруваат перспективи“. И не само тоа, вети дека ќе даде и некоја награда плус на работниците од тоа што верува дека блеска Македонија во моментот, но и неговите инвестиции во оваа Македонија. Имаме директори на компании во Македонија, Македонци кои велат „ќе дадеме уште една екстра плата затоа што и за мојата фирма се отвора перспективата“, изјави Заев пред кривопаланчани.
Со својот апел пак во истиот говор премиерот и сам го прекрши овој член од кривичниот законик, како што тој кажа апелирајќи до сопствениците на фирмите да им дадат пари на вработените да им дадат пари на вработените за гласање на референдумот.
– Јас апелирам до сите бизнисмени ајде, почестете ги малку работниците. Сега ова е важно и за компаниите и за граѓаните и за државата. Ако некој има, газдите имаат, бизнисмените имаат можат малку да отворат ќесето повеќе, кажа Заев во Крива Паланка.
Многумина ова го сфатија како притисок од премиерот до сопствениците на фирмите да им дадат пари на вработените, па покрај тоа што тој самиот го крши законот, наведува и други лица да го направат истото.
За обидот за правење на референдумски поткуп од страна на премиерот Зоран Заев на средба со граѓани во Крива Паланка, „Глас за Македонија“ денес поднесе претставки до Јавниот Обвинител на РМ, Државната Изборна Комисија (ДИК), Државната Комисија за Спречување на Корупцијата (ДКСК), Transparency International – Macedonia, Мисијата на ОБСЕ-Скопје.
-Ги повикуваме горе наведените институции да делуваат независно и да покажат дека за нив, сите граѓани се еднакви. Нивното делување во случајот на овој мега скандал, а во пресрет на закажаниот референдум, будно ќе го следиме, порачаа од „Глас за Македонија“.
Голем дел од граѓаните сметаат и дека доколку ваквите испади не бидат санкционирани нивниот глас нема да одлучува на претстојниот референдум и затоа ќе останат дома.