Премиерот Зоран Заев го осуди однесувањето на вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев кој на брифинг фрли фломастер кон новинарите.
-Разговаравме веројатно и тој ќе се извини, некојпат човечките чувства поминуваат, јас го осудувам тоа. Новинарите само ја извршуваат својата работа, верувам дека ваква работа нема да се повтори друг пат, рече Заев.
Тој вели дека Анѓушев често користел фломастер додека објаснувал и според него не се работи за цензура.
-Дали тоа значи дека нема да му се дава фломастер на Анѓушев? Тој како професор често го користи фломастерот во неговато објаснување и верувам ќе продолжи да го користи како објаснување на тоа што го работи како потпретседател за економски прашања, рече Заев.
Инцидентот со Анѓушев се случи на брифинг со новинарите на кој тој ги претставувал проблемите во изградбата на автопатот Кичево-Охрид. Тој на табла цртал со фломастер, а по завршување на презентацијата го фрлил фломастерот кон новинарите и рекол дека така се работи транспарентно.
Македонската асоцијација на новинари (МАН) вчера го повика вицепремиерот, Кочо Анѓушев, да им се извини на новинарите кои, како што велат, биле предмет на негов испад, кога на брифнинг фрлил фломастер кон нив. Од МАН информираат дека за оваа постапка на вицепремиерот биле известени и меѓународните преставници во Република Македонија.