Актуелно 14.12.2018 13:47

Зголемена минималната плата во Словенија, за Македонија е „мислена именка“ дури и за просекот

Зголемена минималната плата во Словенија, за Македонија е „мислена именка“ дури и за просекот

Словенечкиот парламент во четвртокот со ниту еден глас против го измени законскиот амандманот за минималната плата, според која најмалку дозволениот нето-работен приход за полно работно време од почетокот на следната година ќе изнесува 667 евра, наместо сегашните 637 евра.

Предлогот беше на Левица, со поддршка на партиите од владејачката коалиција, и беше потврдена со 56 гласови за и ниту еден против, иако работодавачите имаа правни забелешки за овој предлог-закон.

Новиот закон за минимална плата, исто така, предвидува динамика во која ќе се зголеми на 700 евра во 2020 година.

Според формулата предложена од Левица, минималната плата во иднина не треба да биде помала од 80 проценти од пресметаните минимални трошоци за живеење.