Актуелно 17.10.2018 13:47

Зошто ЕК бара да не се извезуваат стари дизел возила во Источна Европа?

Зошто ЕК бара да не се извезуваат стари дизел возила во Источна Европа?

Европската комисија стравува дека германските производители на автомобили ќе се обидат да извезуваат стари дизел автомобили, отстранети од германски патишта, во земји од Источна Европа. Тоа го нагласил европскиот комесар за индустрија, Елзбјета Бенковска, пренесе МИА.

-Извозот ќе значи префрлање на проблемите со квалитетот на воздухот од запад кон исток, изјави таа. Бугарија, на пример, минатата година увезла повеќе од 100.000 користени автомобили од земјите на ЕУ, од кои повеќе од една третина од дизел.

-Треба да биде јасно дефинирано што ќе биде со истрошени и лошо прилагодени возила, истакна европскиот комесар, предупредувајќи дека проблемот е европски и не може да се ограничи на ниво на поединечни земји.

-Планот на германската влада за избегнување на забрана за возење може дополнително да го влоши проблемот, предупреди Бјенковска.

Дизелашите се најдоа на удар откако Фолксваген во 2015 година призна дека користеле нелегален софтвер за лажиран степен на штетни издувни гасови на регулаторните тестови.