Актуелно 04.02.2019 14:21

„Џенерал моторс“ отпушта 4 000 вработени

„Џенерал моторс“ отпушта 4 000 вработени

Американската компанија „Џенерал моторс“ ќе отпушти околу 4 000 работници во рамки на реорганизацијата што ја објави на крајот на минатата година.

Агенцијата „Франс прес“ потсетува дека укинувањето на работните места е дел од плановите за намалување на трошоците објавени во ноември, според кои ќе бидат отпуштени 15 отсто од вработените и од хонорарците, а ќе бидат затворени и седум фабрики, вклучувајќи пет во Северна Америка.

„Џенерал моторс“ наведува дека со отпуштањата ќе бидат заштедени шест милијарди долари.

Портпаролот на компанијата не сакал да открие кога ќе почнат со делење на отказите, а локалните медуми јавија дека ќе почнат уште денеска.