Економија 13.08.2018 13:01

Како со еден потег на Жерновски и овозможи на ГП Пелагонија оштета од 1,6 милиони евра од општина Центар?

Како со еден потег на Жерновски и овозможи на ГП Пелагонија оштета од 1,6 милиони евра од општина Центар?

Фирмата што само со еден потег на Жерновски зема од општина Центар оштета од 1,6 милиони евра лани има мислење со резерва од независната ревизија. ГП Пелагонија лани имала приходи од продажба од 7,7 милиони евра, оперативна добивка од 600.000 евра, а нето добивка која е три пати помала од парите што ги земаа од општина Центар затоа што не ја изградија катната гаража кај поранешна НИП „Нова Македонија“

ГП „Пелагонија“ од Гостивар, лани остварила добивка од работење во износ од 536.700 евра на приходи од продажба од 7,7 милиони евра, покажуваат официјалните податоци од билансите кои се во прилог на извештајот на независната ревизија. Компанијата лани имала помали побарувања од обврските што ги имала. „Пелагонија“  лани имала оперативна добивка од околу 600.000 евра.

Ревизорите дале мислење со резерва за ГП „Пелагонија“ заради тоа што на повеќе деловни активности на компанијата не можеле да прибават аргументи со кои ќе стекнат разумно уверување .

Целиот достапен материјал од извештајот на независната ревизија може да го прочитате на следниов линк: https://www.mse.mk/Objavi/Repository/Announcement166/%D0%9F%D0%B5%D0%BB%D0%B0%D0%B3%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0%20%D0%90%D0%94%20%D0%93%D0%BE%D1%81%D1%82%D0%B8%D0%B2%D0%B0%D1%80%20-%20Finansiski%20izvestai%20201720180727094230.pdf

Меѓу позначајните нотификации на ревизорите се следниве: компанијата лани не извршила проценка на наплатливоста на побарувања во вредност од 6,1 милиони евра, констатирале ревизорите во својот извештај. Освен тоа компанијата има неевидентирани побарувања од основната дејност во износ од 14,3 милиони евра. Исто така во извештајот се наведува дека ревизорите не добиле потврда од банка за девизен и за денарски депозит што компанијата го декларирала во својот финансиски биланс.

„Пелагонија“ е градежна компанија со седиште во Гостивар. Според официјалните податоци на ЦДХВ има вкупно 1.597 акции со номинална вредност од 4,09 милиони евра. Компанијата има вкупно 21 акционер од кои 2 се домашни проавни лица и тие поседуваат 24,73 отсто од управувачките права и 19 домашни физички лица кои поседуваат 75,27 отсто од акциите.

 

 

Извор: Фактор