Економското цунами кое дојде со доаѓањето на новата власт предводена од СДСМ е присутно и во градбата на инфраструктура и капитални проекти, коментира поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на Фејсбук.
Груевски вели дека било лесно да се предвиди фијаското во инфраструктурата, кое е резултат на неспособноста на лицата на високи функции и на незаинтересираноста СДСМ нешто да создаде, но и на свесното пролонгирање на проектите со цел да се прикаже дека нивната подготовка и градба е целосно од СДСМ.
Во времето на Груевски Македонија доживеа економски и инфраструктурен препород.
„Ќе остане „во легендите“ онаа „славна“ изјава на Заев за ТВ 21 некаде во мај – јуни 2017-та, дека во неговиот 4 годишен мандат ќе се изградат 600 км автопати и со тоа, како што рече тој: „ќе ја заокружиме Македонија со автопат“. Оттогаш до денес, имавме една година застој на трите автопати од кои едниот во мај 2017-та беше завршен (Демир Капија – Смоквица, 29 км), вториот во мај 2017та беше 70 осто завршен (Скопје – Штип) и третиот во тој период беше 50 осто завршен (Кичево – Охрид).
Покрај овие, во подготовка или во градба беа и 5 експресни патишта, со 4 коловозни ленти и со останати карактеристики како за автопат (дозволен степен на кривини, дозволен степен на угорници и удолници) и слично, по европски стандарди“.
Груевски со жалење констатира дека петте експресни патишта, со доаѓањето на СДСМ на власт, имаат слична судбина како и трите автопати.
Експресниот пат Градско – Прилеп беше во полн ек на градба. Обезбеден кредит, склучен договор, градба во тек. Само што дојде новата власт почнаа да смислуваат причини за да ја забават градбата и да создадат перцепција, како и за се друго дека „ништо не е по закон“, „се е нестручно, и ништо не чини“. А демек новиов министер е експерт и ќе ја оправи работата. А новиот министер „труба“. Во животот не работел ваква работа. Само знае гласно да збори, да се надвикува кога е во емисија, со што се обидува да го прикрие незнаењето и неспособноста.
Сепак, овој експресен пат, некако најдобро помина, односно со најмалку закочувања, од едноставна причина, што по неколку месеци „млатење празна слама,, на новиот министер – прилепчанец, што би рекле во Прилеп „му светна сијалицата“ дека ќе му помине мандатот и патот нема да се изгради, а тој пак ќе треба за Скопје да патува по стариот, небезбеден и мошне тежок пат за возење. Па малку и од лични – егоистички причини, „си го подви опашот“ и дозволи градбата да продолжи.
Експресниот пат, Штип – Кочани, 26 км, беше почнат со градба некаде во 2016-тата. Со доаѓањето на новата власт запре. Ќе продолжи кога граѓаните ќе заборават дека ВМРО-ДПМНЕ го осмисли, проектира, обезбеди кредит и делумно изгради. Да не го запреа, 75 осто досега ќе беше изграден, а до крај на оваа година ќе се пуштеше во употреба.
Експресниот пат Штип- Радовиш беше речиси спремен за градба. Проектиран, обезбеден кредит, завршен тендер за градба. Да не се сакаше да се закочи, градбата нормално можеше да почне во јули – август 2017-та и сега би бил до пола завршен. По една година на власт на СДСМ, дури неодамна Заев кажа дека брзо ќе почнела градбата. А кога Заев ќе каже „брзо“ тоа не се знае кога ќе биде. Но дури навистина да почне брзо, се поставува прашањето: а зошто се изгуби една година?
Сепак, фактот што ова е и пат кој ја поврзува Струмица со Скопје, дава мала надеж, дека после една година застој, можеби ќе се деблокира.