Актуелно 30.08.2018 15:09

Ѓорчев: Владата на Заев донесе демографски колапс, рецесијата на наталитетот е фрапантни минус 6,3 % родени бебиња

Ѓорчев: Владата на Заев донесе демографски колапс, рецесијата на наталитетот е фрапантни минус 6,3 % родени бебиња

Она што се случува на Република Македонија со Владата на Зоран Заев е дека Република Македонија буквално исчезнува. Се случува демографска катастрофа, се случува рапиден пад на бројот на родени бебиња, историски најмал во историјата на Македонија и се случува жесток пад на бројот на ученици во македонските училишта, истакна Владимир Ѓорчев на денешната прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ.

-Вчера Заводот за статистика на Република Македонија излезе со конкретни податоци за бројот на родени бебиња во вториот квартал, односно второто тромесечије за 2018 година. Бројката изнесува 5.160 живородени деца и бројот на живородени деца во оваа 2018 година во вториот квартал со Владата на Зоран Заев изнесува пад, односно демографска рецесија од 6,3 проценти. Ако во економијата се случи пад од 1, 2 или 3 проценти тоа се прогласува за економска криза, се воведуваат итни мерки, се прогласува економска катастрофа. На Владата на Зоран Заев и се случува најмал број на родени деца во историјата на Република Македонија во 70 години наназад, откако има статистика во Македонија и тој пад таа демографска рецесија изнесува 6,3 проценти, истакна Ѓорчев и додаде:

„Губиме луѓе, државата ни се празни, земјата ни останува без народ. Тој пад уште еднаш ќе речам е фрапантни 6.3 проценти во најважниот ресурс, луѓето, тоа се луѓето, тоа се бебињата, тоа е иднината на земјата, иднината на оваа држава, 6.3 проценти. И сето тоа почитувани присутни на врв на најлошата демографска година во историјата на Македонија, тоа беше 2017 година. Значи 2017 година благодарение на анти-семејните, анти-економоски политика на владата на Заев, ние имавме историски најмал број на родени деца 21.700 родени деца. Сега на тие 21.700 историски најмал број на родени деца во 2017 година, дополнителниот пад само во вториот квартал изнесува 6.3 проценти, фрапантни бројки“.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ, потенцираше Ѓорчев, беше единствената влада во јужниот дел на Европа која што го зголеми бројот на родени деца од 2006 до 2016 година.

-Бројот на родени деца во 2005- 2006 година беше 22.482 родени деца, оставивме 23.075 деца, тоа е зголемување од речиси три проценти во тек на десет годишен период, бројот на родени бебиња во Република Македонија се зголеми за скромни, но сепак големи 3 проценти, за разлика од бројот на родени бебиња кој што падна во Португалија, во Шпанија, во Италија, во земјите од Балканот односно соседството, Романија, Бугарија итн. Македонија беше единствената земја во која што се зголеми бројот на родени бебиња, а сега имаме најмалку родени бебиња. Имаме слободен пад во бројот на родени бебиња. Имаме училишта каде што се затвораат посебно е училиштето во Велес, се затвораат паралелки се укинуваат подрачни училишта и на сето тоа имаме дополнителна демографска рецесија во вториот квартал од 2018 година од фрапантни огромни 6,3%, подвлече тој и додаде:

„Ако сето ова треба да се сумира, заклучокот е дека катастрофалните политики  на владата на Зоран Заев доведоа до тоа Македонија да има најмалку родени бебиња во историјата на оваа држава. Македонија исчезнува, ни се случува демографска катастрофа. Рапидно паѓа бројот на родени деца, само во вториот квартал од 2018 демографската рецесија во бројот на родени бебиња изнесува фрапантни 6,3%. Ова е резултат на анти-семејните, на анти-економските политики на владата на Зоран Заев. Ни се случува демографски колапс, ни се случува демографска катастрофа, земјата останува без народ и без луѓе, тоа не е живот, тоа е катастрофа и небиднина“.