Највредната и најбогата американска компанија Apple, поради воведувањето на царински давачки за производи увезени од Кина, може да има големи проблеми, што првенствено ќе се одрази на повисоките цени на нивните производи на пазарот во САД.
Американскиот претседател Доналд Трамп откако е на власт, постојано се бори за враќање на производството на американска почва и се обидува да ги “присили” компаниите да ангажираат американски работници со воведување царини за увоз на производи.
Кога администрацијата на Трамп објави дека 25 отсто од царинските давачки ќе бидат наметнати за кинеските производи и ќе влијаат на увозот за околу 200 милијарди долари, Apple исто така официјално реагираше.
Тие испратија отворено писмо до властите во кое се наведува дека новите царини ќе бидат платени од граѓаните на САД и дека тие најмногу ќе влијаат на домашните цени на повеќето производи на Apple што доаѓаат од Кина.
Во своето писмо тие објаснуваат дека околу два милиони американци зависат од нив со своите бизниси. Зголемувањето на цените на производите од Кина би ги направиле помалку конкурентни на домашните и странските пазари.
Доналд Трамп го зеде предвид овој факт и во својот стил одговори на социјалната мрежа Твитер. Тој напиша дека решението за сите овие проблеми е “многу едноставно”.
“Apple треба само да почне да гради фабрики во САД наместо во Кина, и тука да ги произведе сите свои производи. Тоа би имало нулта стапка на царини па дури и одредени даночни олеснувања “, рече Трамп.