Актуелно 14.09.2018 10:30

Грчева:Референдумското прашање спакувано 3 во 1 има за цел да им го натовари кабаетот на луѓето со тоа што луѓето самите ќе треба да кажат дека не се за НАТО и ЕУ затоа што не се за овој наказен договор

Грчева:Референдумското прашање спакувано  3 во 1 има за цел да им го натовари кабаетот на луѓето со тоа што луѓето самите ќе треба да кажат дека не се за НАТО и ЕУ  затоа што не се за овој наказен договор

Во вчерашната емисија на МТВ во која се дискутираше за претстојниот референдум гостуваше Солза Грчева Претседател на Глас за Македонија и поранешен пратеник во Собранието на Република Македонија и Лидија Димова директор на Националната агенција за европски и образовни програми и мобилност.

Имено Солза Грчева изјави дека во последната година Македонија станала неправана држава и дека Македонија наликува на пршија без никакво владеење на правото . Грчева смета дека целиот процес е неправно воден и дека е вон институциите.

 

  • Институциите се изигрувани и злоупотребувани. Јас не знам за што ние имаме сега референдум. Ние немаме указ потпишан од Претседателот Иванов и немаме објавен ратификуван договор во Службен весник. Значи да е тоа така лесно изигрување ќе го видеше светлото на денот и законот за двојазичност, што укажува на фактот  не е баш така лесно да се бајпасира потписот на Претседателот .

Грчева спомна дека има прекршувања и на деловникот и во Собранието, лепењето на европски знаменца, гласање со просто мнозинство, ратификација на договор кој што вклучува и уставни промени и т.н.

  • Имаме договор кој што е асиметричен кој што е неправеден за Македонија , кој што го пишувале некои други а сега нашата страна го потпишала. Уставот, законите па и меѓународното право се прекршени за да се пробутка на раменици овој договор. Да завршиме со референдумското прашање спакувано три во едно каде што на луѓето им се натоварува или сака да им се натовари кабаетот или се бара алиби со тоа што луѓето самите ќе треба да кажат дека не се за НАТО и ЕУ само поради тоа што не го прифаќаат договорот. Оваа влада успеа во оваа година буткајќи го овој процес од нашата нација што во големо мнозинство се изјаснуваше и за членство во ЕУ и за НАТО сега да создаде евроскептици токму  поради овој наказен и нефер договор.