Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ денеска организираше голема еко акција низ цела Македонија. Во рамки на глобалното граѓанско движење Светски ден на чистотaта 2018 (World cleanup day), подмладокот на ВМРО-ДПМНЕ спроведе акција за чистење во над 50 општини.
Еко акција имаше во Аеродром, Бутел, Босилово, Битола, Берово, Брвеница, Василево, Валандово, Вевчани, Виница, Велес, Гази Баба, Гевгелија, Делчево, Дебарца, Демир Хисар, Дојран, Демир Капија, Долнени, Ѓорче Петров, Зелениково, Јегуновце, Кочани, Куманово, Крушево, Карбинци, Кратово, Карпош, Кичево, Крива Паланка, Кисела Вода, Лозово, Македонска Каменица, Македонски Брод, Могила, Маврово- Ростуше, Ново Село, Неготино, Охрид, Пехчево, Прилеп, Ранковце, Радовиш, Росоман, Ресен, Старо Нагоричане, Струмица, Струга, Свети Николе, Тетово, Центар, Чаир, Чашка, Шуто Оризари и Штип.