Оглас за набавка на пијалоци, кафе, какао, млеко и чај филтер за цела година за потребите на РЕК Битола, објави денеска Електрани на Македонија.
Во РЕК Битола планираат за оваа намена да одвојат 1.673.243 денари (над 27.000 евра). Ако се подели со дванаесет месеци за колкав период е објавен огласот, излегува дека за кафе, пијалоци и чај во РЕК Битоа ќе двојат по околу 2300 евра месечно.
Постапката е отворена, а пресудна за изборот ќе биде најниската цена на понудувачите. Во огласот стои дека е повик за купување на стои со одложено плаќање.