Нема да гласам за уставните измени за промена на уставното име на Република Македонија. Македонија е мојот идеал и вечна љубов. Тоа е емоција и кауза што не поминува. Јасен е ставот на народот, гласачите и членството против најавените измени за промена на уставното име на Република Македонија. И народот, и гласачите, и членството, пишува Владимир Ѓорчев, пратеник во Собранието на Република Македонија на својот Фејсбук профил.
-Очигледни се притисоците и недемократските постапки на власта на СДСМ во кампањата за референдумот, кои секојдневно се се засилуваат, особено во локалните средини. Сето тоа дополнително го компромитира и проблематизира резултатот и демократскиот карактер на престојниот референдум.
Секако дека Македонија треба да биде членка на ЕУ и НАТО. Македонија тоа одамна го заслужува, а ВМРО-ДПМНЕ беше првата партија во независна Македонија која ги промовираше евро-атлантскит
Во делот на предложениот договор со Грција, факт е дека Македонија е соочена со лош договор, а граѓаните и македонскиот народ се најмалку виновни за тоа. Тоа е вина и одговорност на власта на СДСМ, која силно ги наруши, влоши и сруши македонските позиции.
Овој договор носи големи ризици во иднина да отвори уште многу прашања, наместо да резултира затворање на отворените прашања. Дополнително, во иднина се отвора простор за нови и нови тековни блокади кон Македонија.
Исто така, референдумското прашање е манипулативно затоа што огромното мнозинство граѓани се “за” членство во ЕУ и НАТО, но се “против” непринципиелните обврски што се наметнати за Македонија и македонскиот народ.
Голем проблем и манипулација е што со денови, недели и месеци не се соопштуваат конкретните уставни измени, така што граѓаните не знаат и не можат да видат за што конкретно се бара нивното изјаснување.
Од сите тие причини, јас како пратеник во законодавниот дом на македонската држава нема да гласам за најавените уставни измени.
Македонската кауза не запира. Тоа е кауза за која вреди да се работи и живее.
Да живее Македонија! Нека е вечна, слободна и независна.
Со почит,
Владимир Ѓорчев
Пратеник во Собранието на Република Македонија, додава тој.