На берзите денеска „падна“ еврото поради италијанскиот буџет, а Брегзит ја намали вредноста на фунтата.
Италијанските медиуми јавуваат за драматичните настани поврзани со државниот буџет и најавата за оставка на министерот за економија, Џовани Трио, која била подоцна демантирана. Најверојатно ќе биде и одложен состанокот на владата на тема буџет, закажан за попладнево.
Вредноста на еврото во просек се намали за 0,5 проценти на 1,1685 долари, што е негово најниско ниво по 20 септември.
Од друга страна, вредноста на доларот се зголеми за 0,4 проценти.
Британската фунта исто така „паѓа“ на берзите. Ова се должи на непостигнувањето на договор за Брегзит меѓу Британија и ЕУ. Фунтата „падна“ за 0,3 проценти во однос на доларот на 1,3109 долари, додека односот на фунтата кон еврото е скоро непроменет.
И покрај најавите на Европската централна банка за силна инфлација, еврото завчера зајакна.