Адвокатката на екс премиерот Никола Груевски, Сања Алексиќ во изјава за Телма тврди дека со вчерашните изјави на специјалната обвинителка Јанева е прекршена презумпцијата на невиност на осомничените во 6 нови истраги на СЈО.
Алексиќ прави паралела со соопштенијата на Јавното обвинителство, кое објавува само број на осомничени и дело за кое се товарат.
-Доколку ги проучите истите може да утврдите дека во ниту еден случај, кога станува збор за наредба за спроведување на истражна постапка, а уште повеќе по спроведена истражна постапка за подигнување на обвинителен акт, во ниту еден случај немало да бидат наведени осомничените, односно обвинетите со име и презиме. Не фигурираат ниту иницијали, туку се наведува бројот на лицата против кои се спроведува истрага и кривичното дело за кое се товарат. Оттука е јасно како треба да изгледа едно соопштение на Јавен обвинител во случај кога се почитува презумпцијата на невиност согласно Законот за кривична постапка и Европската конвенција за човекови права, истакна Алексиќ за Телма.
Адвокатката Алексиќ се чуди и на информацијата која ја пласираше Јанева дека Груевски за 20-тина ќе оди во затвор, затоа што досега адвокатитет и осудениот во случајот Тенк не добиле никакво решение од надлежните судски инстанци.