Судијата за извршување на санкции го одби барањето на екс-премиерот Никола Груевски за одложување на двегодишната затворска казна, објави Кривичниот суд на својот веб портал.
-Заради интерес од повеќе медиуми, како суд ја информираме јавноста дека судија за извршување санкции при Основниот Суд Скопје 1 – Скопје… Заради интерес од повеќе медиуми, како суд ја информираме јавноста дека судија за извршување санкции при Основниот Суд Скопје 1 – Скопје, постапувајќи по молба за одлагање на извршување на санкција определена со правосилна пресуда во предметот со КОК бр. 59/17 од обвинителството означен како „Тенк“, донесе решение со кое ја одби молбата. Решението на судија за извршување санкции е испратено на странките во постапката кои имаат право на жалба против ова решение во рок од 3 дена до Кривичниот совет, стои во објавата на Кривичен.
Причините за одбивањето се следниве:
По однос на пратеничкиот мандат, само потврдата за пратеник била во оригинална верзија, а другите биле фотокопија. Станува збор за фотокопија на писмото кое судијката Добрила Кацарска го има испратено до Собрание, па не е можно, друг освен нив да го има самиот оригинал. Затоа, со барањето за одлагање на извршување на санкцијата, била доставена фотокопија.
Доколку сакал, судијата можел да пробери во истиот суд, дали постои вакво писмо, но тоа воопшто не го направил.
Друг “проблем“ за судот се останатите фотокопии, а станува збор за документи од службени весници кои се јавно објавени и лесно можат да се проверат.
Груевски откако ќе го добие известувањето има право да поднесе жалба до Кривичниот совет, во рок од три дена, а потоа започнува да тече и рок од три дена за судот да донесе одлука по жалбата.