Откако вчера дел од „провладините“ медиуми ги запоседнаа домот на екс премиерот Никола Груевски и седиштето на најголемата опозициска партија во државата ВМРО-ДПМНЕ денес одат чекор понатаму.Имено, телевизијата која во новинарските кулоари се нарекува „провладина“, скопската телевизија ТВ1 ,најавува директно вклучување од Будимпешта од пред станот во кој се наоѓа Груевски.
На социјалните мрежи граѓаните коментираат дека ако се знае дека ТВ1 е провладин медиум, а сега најавуваат вклучување од станот во кој се наоѓа Никола Груевски тогаш како јавноста да не верува дека се е ова некаков договор.
Не би било симпотматично доколку и провладиниот новинар од ТВ1 и политички аналитичар, Сашо Орданоски, во неговата претпоследна колумна за „Цивил Медиа“, објавена вчера, прејудицира дека поранешниот премиер Никола Груевски побегнал надвор од државата.
Неговата колумна беше објавена рано наутро, пред да заврши последниот обид за предавање на поканата до Груевски за да се појави во затвор, па од тука се отвора сомнеж дека Орданоски, кој важи за исклучително близок до актуелната власт, знаел нешто за бегството и пред можеби тоа да се случи.
Во колумната, насловена „Каде е по ѓаволите Никола Груевски“, Орданоски саркастично најавува дека Груевски отишол во егзотичната држава Белизе, но, ја објаснува рутата за бегство преку Србија па се до Унгарија, токму државата каде што во моментов се наоѓа Груевски, според неговите тврдења на фејсбук.