Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Ѓорчев, на својот Фејсбук наведе осум причини зошто СДСМ е во слободен пад.
-СДСМ дојде на власт поради неколку фактори и сега тоа се МЕНУВА:
1.
Скопје:
Рејтингот на СДСМ во Скопје е во слободен ПАД. Шилегов е тотално неспособен, исто како Златко Марин, Кисела Вода, Гази Баба, Велимир, другите градоначалници…
Скопје знае да казни, во Скопје се случува тивок пресврт.
2.
Неопределените:
Еден куп ветувања, а сега големо разочарување. Не им се допаѓа промената на името и Уставот, одѕивот за референдумот беше фијаско, и во градовите, и во селата.
Скандалите на власта се СЕКОЈДНЕВИЕ.
3.
Албанците:
СДСМ буквално НЕМА проекти за Албанците. Нема безбедност, нема правда, нема асфалт, нема инвестиции.
Албанците му дадоа ГОЛЕМА поддршка на СДСМ, многу се вети, но сега разочарувањето е ГОЛЕМО и РАСТЕ.
4.
Младите:
Единствено ќари младинската олигархија и 30-тина “Шарени” станаа државен апарат. Го нема веќе ентузијазмот на Шарената револуција . Нема правда, нема мир стана потрошена фраза.
Ветија “Младинска гаранција” и вработување за сите, а ги згрижија само нивните.
5.
Мотивирано членство:
Членството на СДСМ е ептен разочарано од кадровската политика. Приоритет се локалните моќници и децата на функционерите на СДСМ.
СДСМ води ОЧАЈНА кадровска политика и тоа народот веќе го гледа.
6.
Програма – ветувања:
Тотално фијаско. Економијата особено.
7.
Лични ветувања:
Во секое второ семејство е ветено ЛИЧНО вработување, инвалидска пензија, туѓа нега, трактор, унапредување на работа…
Сега тие што ВЕТУВАА, народот НЕ може да ги добие на телефон. Не ги есапат, а револтот РАСТЕ.
8.
Коалиција:
Со коалицирањата се загубија СИТЕ принципи и сите “идеали”. Плус, коректните и лојални коалициони партнери целосно ги помножија со НУЛА.
Проблемите во коалицијата на СДСМ допрва ќе се засилуваат.
Накратко:
Рејтингот на СДСМ е во слободен пад и револтот ќе се ЗГОЛЕМУВА.
Ќе си паднете. Македонија се буди, пишува Ѓорчев.