Граѓаните на социјалните мрежи со бројни коментари за овој, како што го нарекуваат, срам!
Се огласи и поранешниот министер за транспорт и врски, во Владата на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски, кој оцени дека ова се најцрните денови во инфраструктурата и економијата:
„Озбилни сте ?
За една година сте направиле само 1 километар локален пат и го прикажувате како епохален напредок ?
После ваков отчет за една година треба да ја пишете и изработката на сликичкава дека сте ја направиле, барем сте се потрудиле и за тоа.
Дефинитивно ова се најцрните денови во инфраструктурата и економијата….“