Слаба соработка меѓу домашните компании и странските инвеститори – малите и средни фирми најчесто не можат да ги исполнат стандардите и барањата на големите и меѓународни производители.
Бизнисмените бараат државата сериозно да вложи во поддршка на домашното производство и да помогне за зголемување на неговата конкурентност.
Странските инвеститори велат дека би сакале да ја зголемат соработката со домашните компании но проблем се недостатокот на меѓународни сертификати за квалитет и задоволување на строгите барања.
За вицепремиерот Анѓушев, домашните компании кои ќе инвестираат во својот развој ќе може да добијат поврат на вложените средства и до 30 отсто. Веќе 97 фирми потпишале договор за субвенционирање со Фондот за технолошки развој.
Само 10 проценти од вкупните порачки на странските компании во земјава се кон домашни добавувачи. Две третини од нив не можат да најдат машини и опрема на локално ниво.