Актуелно 21.12.2018 10:59

Ѓорчев: Владата на Заев до сега потроши повеќе од 5 милијарди евра и не направи ништо

Ѓорчев: Владата на Заев до сега потроши повеќе од 5 милијарди евра и не направи ништо

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Ѓорчев, во вечерашното издание на дебатната емисија „Клик Плус“ на тв21, рече дека владата на Зоран Заев потрошила повеќе од 5 милијарди евра и при тоа не направила ништо.

-Нема влада на Македонија во историјата која што повеќе пари исцедила од граѓаните и народот и која што повеќе исцедила од претпријатијата, од стопанството, од економијата. Што е направено луѓе, што е направено!? Пет и нешто милијарди евра се потрошени, на што се отидени тие пари?, истакна Ѓорчев.

Ѓорчев меѓу другото зборуваше и за автопатот Кичево- Охрид, при што вели дека СДСМ ја обвинуваа Владата Предводена од ВМРО-ДПМНЕ дека автопатот бил прескап, за сега СДСМ да потроши плус уште 200 милиони евра за истиот тој автопат и тоа без тендер.

-За автопатот од Кичево до Охрид, пет години СДСМ збореа дека е прескап, дека тоа е премногу, тоа е корупција, не смее да биде толку скап. А сега пред месец дена, оваа Влада вели дека истиот тој автопат нема да ги гради по старата цена од претходната Влада, туку ќе го гради за плус 200 милиони евра. За 200 милиони евра ја зголемуваат цената на автопатот и тие 200 милиони евра ќе ги трошат без тендер. 200 милиони евра на народот и на граѓаните му се трошат, тоа се 100 евра по човек во Македонија. Тоа значи дека секое семејство четиричлено, кое што не гледа во Македонија, неговото семејство таа екскурзија на Владата на Зоран Заев ќе го чини 25 илјади денари со камати, рече Владимир Ѓорчев
Тој зборуваше и за иселувањето од Македонија на претежно помладото и високообразовано население кое е рак рана на Македонија, кое што во последните две години бележи фрапантен застрашувачки пораст.

Инаку на вечерашната дебата беа поканети и претставници од Власта, но до почетокот на емисијата не се одѕва на покана на што Ѓорчев додаде дека оваа Влада нема што да каже, затоа СДСМ бега од дебата.