Актуелно 09.01.2019 21:03

Охридски пожарникари преживуваат голгота поради насилен колега, полицијата не реагира

Охридски пожарникари преживуваат голгота поради насилен колега, полицијата не реагира

Пожарникар во охридската Пожарна со тешки телесни повреди е пренесен на хируршкото одделение при општата болница откако бил нападнат од страна на негов колега.

Насилникот и претходно физички нападна и повреди неколку негови колеги.

Инцидентот се случил околу 10 часот и 30 минути кога во просториите на Пожарната влегол пожарникарот кој сега веќе постојано ги тепа своите колеги и го извршил нападот.

Претходно пожарникарите се подготвуваа на протест да ги исфрлат своите униформи пред Локалната самоуправа бидејќи на работа биле постојано малтретирани и тепани.

КАДЕ Е ПОЛИЦИЈАТА ?!

Полицијата е во ист објект со Пожарната, а при претходното тепање пожарникари, со цел да не ги натепа повторно, објектот ( кој е во состав на Полицијата ) го обезбедувала реномирана приватна агенција за обезбедување од Охрид, на трошок на локалната самоуправа, која платила пожарникарите ( кои работат во ист објект со Полицијата ) да ги чуваат обезбедувачи за да не бидат натепани повторно.