Премиерот Зоран Заев во интервјуто на Сител се пофали дека цвета бизнисот со масло од марихуана во земјава.
-Имаме лиценца дадено за медицинско масло од марихуана со 300 вработени засега, со над 100 милиони евра вкупен приход кој што го остварува, рече денес Заев.
Како што и самиот призна неодамна, овој бизнис во Македонија го превзема токму неговиот братучед Трајче Заев.
Трајче Заев ја има купено оранжеријата “МАМ“ која во овој момент има дозвола од Министерството за земјоделство за производство на маслото за канабис за медицински цели.
Во објаснувањето што го даде Заев, “МАМ“ е купена од две фирми. Едната е “Еленица“ од Струмица другата е словенската фирма „Фрејкер“ која веќе имала фабрика за произвoдство на канабис од Германија.
Денес во изјавата за Сител, се пофали и со заработката на семејството. Во моментов работат околу 15 фирми.