Актуелно 14.01.2019 13:01

Заев го промени името и замина на скијање во Германија

Заев го промени името и замина на скијање во Германија

Три дена откако беа донесени уставните измени за промената на името Заев замина на скијање во Германија.

Премиерот Зоран Заев остана нем на сите повици за дебата, за гостувања во телевизиски емисии, избега од избори, избега од соочување со народот пред собранието на Република Македонија и единствена работа која ја направи е тоа дека го смени името Република МАКЕДОНИЈА.

Наместо дома меѓу својот народ Зоран Заев се сретна со премиерот на Косово Рамуш Харадинај кој официјално ја нарече нашата земја Република Северна Македонија.

-Денеска се сретнав со мојот колега од Република Северна Македонија, Зоран Заев, кому му честитав за успешното завршување на Преспанскиот договор, гарантирајќи му на народот и соседната држава јасна евро-атланска перспектива. Косово останува посветено на градење стабилен регион и во тој поглед односите со официјално Скопје се одлични, пишува Харадинај.

По оваа средба премиерот летна за Германија на скијање, а зад себе ги остави своите перјаници и пера, ала Тричковски, Геровски и Ордановски да му ја правдаат политиката и смената на името и да го бранат СДСМ.

Откако владата очигледно не можеше да го сокрие одморот на Заев таа објави дека одморот на премиерот ќе трае цела недела, а по Германија планира да посети у други локации.

Заев минатата година исто така избега на скијање во Италија додека Македонија чекореше по работ на еколошка катастрофа.

Заев го помина мандатот во луксузни патувања и шетање по странство – граѓаните се гушат во смог

Додека државата чекори по работ на еколошка катастрофа, скопјани се угушија во смог, клиниките се преполни со болни деца и пациенти со хронични заболувања, а Скопје урива рекорди како најзагаден град во Европа, премиерот Зоран Заев мува  не го лази.

Премиерот Заев секојдневно е на некое деловно или приватно патување во странство, само не на работно место за кое е платен од граѓаните.

Економијата тоне откако власта е превземена од СДСМ. Дополнително, сите чекори кои беа преземени се во насока на влошување на стандардот на граѓаните.  Горивата енормно поскапуваат, а пензиите и платите стагнираат. Економијата во три од четири квартали е во минус, а инфлацијата на малопродажните производи се зголемува.

Во вакви услови во која голем број на граѓани мака мачат со секојдневни проблеми, првиот човек на владата си замина на скијање во Италија.  Ова очигледно луксузно патување, доаѓа по приватната забава на Заев и пријателите за Нова Година во Солун, на која според информација објавена во медиумите чинела 100.000 евра.

Премиерот наместо да работи за граѓаните се шета по приватни забави и патува на луксузни дестинации. Животот дојде, но очигледно само за Заев и неговото опкружување.

Владата тврди дека Заев е во приватна режија

-Премиерот Зоран Заев е на одмор со семејството во Италија. Во неговата придружба има припадници на официјалното државно обезбедување. Потенцираме дека сите трошоци поврзани со патувањето, сместувањето и се останато за зимскиот одмор премиерот ги плати приватно, вели владиниот портпарол Миле Бошњаковски за КУРИР.

извор:Курир