Владините партнери Зоран Заев и Али Ахмети утре во Клубот на пратениците ќе договараат можен заеднички претседателски кандидат. Средбата, според информации од партиите е закажана за 12.30 часо, пишува Плусинфо.
По изборот на Гордана Силјановска Давкова за претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Заев и Ахмети повторно ќе направат обид на претседателските избори да истрчаат со заеднички кандидат, откако тоа се изјалови при првичниот обид на средбата која помеѓу двајцата лидери се оддржа неодамна.