Актуелно 19.12.2019 23:58

Мицкоски до соговорниците: Не бидете жртва на пропагандата на СДСМ, видете го извештајот на СДСМ и ќе видите колку должат

Мицкоски до соговорниците: Не бидете жртва на пропагандата на СДСМ, видете го извештајот на СДСМ и ќе видите колку должат

Во емисијата „Клик Плус“ на ТВ 21, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски истакна дека во моментот во ВМРО-ДПМНЕ има државен завод за ревизија којшто прави анализа на редовна сметка на ВМРО-ДПМНЕ и сметката за финансирање на претседателските избори и дека треба да се почека Државниот завод за ревизија да го каже својот збор.

Тој во своето гостување посочи дека она што се однесува до капиталот на ВМРО-ДПМНЕ, имотот, побарувањата, сметката, долговите е завршниот извештај којшто партијата е обврзана секоја година да го достави до тој истиот државен завод за ревизија и истиот е транспарентен на веб страна на државниот завод за ревизија.

– Не треба да се мачите, слободно појдете на страната на државниот завод за ревизија отворете ја таа страна и ќе го видите извештајот финансиски, имотот на ВМРО-ДПМНЕ. Немојте ве молам да бидете жртва на пропагандата на СДСМ, јас сакам со бројки и сакам егзактно да зборуваме, подвлече Мицкоски.

Тој порача да се продолжи со истражувањето и секаде каде што ќе се констатираат неправилности да се каже во јавноста, но и ако не се констатираат неправилности да се излезе во јавноста и да се каже дека нема никакви неправилности во врска со имотот на ВМРО-ДПМНЕ.