Највисоки плати во земјава добиваат компјутерските прорамери, проферсија која одамна е прва на листата најплатени во земјава. Просечата плата во октомври изенсувала околу 1.000 евра или просечни 60.899 денари – покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Втори на списокот топ пет најплатени професии се фармацевтите, кои во октомври земале во просек 46.713 денари нето плата. Следуваат вработените во воздухопловен транспорт со 45.683 денари за октомври, па вработените во финансиско-услужните дејности со 44.340 денари и последни од топ пет се вработените во телекомуникацискиот сектор со 40.153 денари нето плата.
На другата страна пак од скалилото, топ пет најнеплатените професии во земјава се со минимум трипати и дури над четири пати пониски плати од професиите со највисоки примања. Така убедливо на дното се вработените во секторот заштитни и истражни дејности кои со платите се пониски од сегашниот минималец. Или во октомври добиле во просек по 13.707 денари. Следуваат вработените во секторот услуги поврзани со одржување згради со 15.296 денари, па тие во рибарство и аквакултура со 15.498. Нешто подобри со плати од 16.530 денари и 16.600 денари се вработените во производство на облека, и во дејностите за подготовка на оброци.
Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во октомври годинава пораснала за 3,7 проценти во однос на октомври лани.
И достигнала 25.726 денари или 418 евра.
Според статистика, зголемувањето се должи, пред сѐ, поради зголемувањето на платите во секторите Транспорт и складирање (8,7 %), Дејности на здравствена и социјална заштита (7,4 %) и Уметност, забава и рекреација (6,7 %).
А во октомври во однос на претходниот месец зголемување на просечната нето-плата имало во секторите: Рударство и вадење на камен (5,7 %), Финансиски дејности и дејности на осигурување (4,4 %) и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (2,9 %).