Актуелно 26.12.2019 16:20

Јанушев: ВМРО-ДПМНЕ не ги кочи повисоките плати и пензии, но целосно го кочи Законот за дроги на Заев со кој уценува избори

Јанушев: ВМРО-ДПМНЕ не ги кочи повисоките плати и пензии, но целосно го кочи Законот за дроги на Заев со кој уценува избори

Власта како по обичај особено последниот период лаже и манипулира. ВМРО-ДПМНЕ секогаш е на страна на граѓаните и секогаш кога станува збор за економски закони, за закони кои што предвидуваат било какво покачување, дали е тоа на пензии, плати и слично ќе даде поддршка и во минатото давало поддршка, истакна Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, одговарајќи на новинарското прашање- Власта ве обвинува за кочење на законите за поголеми плати и пензии, кој е вашиот коментар?

-ВМРО-ДПМНЕ го кочи донесувањето на законот за дроги. ВМРО-ДПМНЕ нема никогаш да се согласи и нема да го поддржи овој закон, а Заев и неговата криминално-рекетарска банда се обидуваат на мала врата, на скриен, на шверцерски начин под завесата на овие неколку други закони да го прошверцуваат така речено овој закон и ги ставаат во една ситуација 2 милиони граѓани на Република Македонија во ситуација на заложништво. Тоа нема да го дозволиме и тоа нема да помине, одговори Јанушев.