Економија 02.01.2020 11:01

Сончево и студено време

Сончево и студено време

Времето денеска ќе биде сончево и
постудено со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец, особено изразен во југоисточните делови. Максималната
температура ќе се движи од 2 до 9 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и постудено со мала до
умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец.
Дневната ќе се искачи само до 5-тиот степен.

Утринава, температурите речиси во целата држава се под нулата.
Најстудено е во Берово и Лазарополе каде се измерени -10 степени a најтопло во Дојран и Гевгелија 1 степен. Во Петровец кај Скопје измерени се -3 степени, а на Зајчев рид -2 степена.