Помеѓу 2012 и 2021 година, површините што се користат за органско или еко-земјоделство се зголемија во речиси сите земји на ЕУ. Најголем пораст од речиси четири пати има во Португалија 283 отсто и Хрватска 282 отсто, пишува „Агроклуб“. Ова е највисоката стапка на раст во рамките на Унијата. Брз раст оствари и Франција, од 169, Унгарија 125 и Романија 101 процент.
Најголемо учество на органско во вкупните земјоделски површини имало во Австрија (26%), Естонија (23%) и Шведска (20%). Сепак, шест земји-членки имаа мал процент на такви области, под пет проценти во 2021 година. Најмалку има Малта, со само 0,6 проценти, а Бугарија 1,7.
Сепак, последните податоци за 2022 година покажуваат одредени отстапувања. Така, во Австрија, која е лидер во органските области, 1.450 органски фармери се откажале од производството, поради зголемените трошоци и ниските приходи. Според порталот, дел од нив се враќаат на конвенционално одгледување за да заштедат пари, а само 9,9 отсто од земјоделците биле заинтересирани да се префрлат на еколошко одгледување, додека претходно тој процент беше 20 отсто на годишно ниво.
Во организацијата за органско земјоделство рекоа и дека причината за ваквиот тренд треба да се бара во престрогата законска регулатива, но и во сè помалата разлика во цената помеѓу органските и конвенционалните производи.