Грчкото движење за промени побара грчкото МНР од Заев да дознае кои грчки бизнисмени се обиделе да подмитат и кого сакале да поткупат.
Изјавата на Заев дека про-руски бизнисмени од Грција ќе финансирале насилни протести во Македонија против членството на земјата во НАТО, предизвика реакции и во Грција.
-Македонскиот премиер Зоран Заев покрена ‘бомби’ при неговото враќање од НАТО, насочени кон грчките бизнисмени, напиша грчки медиум.
А, портпаролот на партијата- коалиција на ПАСОК и Демократска левица, Павлос Христидис, во писмената изјава вели дека чекаат од грчката влада известување за случајот со руските дипломати, јави дописникот на МИА од Атина.
Министерството за надворешни работи треба да го направи она што е очигледно. Да стапи во контакт со господинот Заев за да дознае кои грчки бизнисмени се обиделе да подмитат и кого. Уште очекуваме известување за тоа што се случи со руските дипломати, вели Христидис.
извор:МИА