Актуелно 10.12.2024 14:10

Мисајловски: Продолжуваме да инвестираме за потребите на Армијата, за заштита на нашите граѓани, за Македонија!

Мисајловски: Продолжуваме да инвестираме за потребите на Армијата, за заштита на нашите граѓани, за Македонија!

Министерот за одбрана Владо Мисајловски, заедно со претседателката и врховен командант на Вооружените сили, Гордана Сиљановска Давкова и генералите во Армијата, присуствуваше на годишниот брифинг за состојбата и реализацијата на плановите и задачите на македонската Армија за 2024 година од страна на началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски.

-Македонската армија е еден од столбовите на државата, а нашите припадници треба секогаш да бидат подготвени да одговорат на задачите и предизвиците. Од мене како министер за одбрана секогаш имаат најголема поддршка. Продолжуваме да инвестираме во одбраната, во одбранбени капацитети, во персонал, во нова современа опрема, во инфраструктура за потребите на Армијата, за заштита на нашите граѓани, за Македонија!, пишува Мисајловски на Фејсбук.