Актуелно 26.07.2018 10:11

Експлозија во близина на американската амбасада во Пекинг

Експлозија во близина на американската амбасада во Пекинг

Експлозија одекна денеска во близина на американската Амбасада во Пекинг, јави ДПА, повикувајќи се на очевидци од местото на ицидентот.

Фотографии објавени на Твитер покажуваат голем чад и полициски возила во близина на Амбасадата, што се наоѓа во североисточниот дел од Пекинг.

Полицијата не одговори веднаш на коментарите за инцидентот.

Според Радио Слободна Азија, експлодирана саморачна направа пред, засега неидентификуван маж, да успее да ја префрли преку оградата.

Спооред „Мирор“ во инцидентот има повредени, а оштетено е и едно полициско возило.

Освен Амбасадата на САД, во таа област се и амбасадите на Израел и Јужна Кореја.

МИА