Актуелно 17.03.2026 10:07

Мисајловски: Влегуваме во фаза на преговори за нова опрема, противвоздушната одбрана во фокусот

Мисајловски: Влегуваме во фаза на преговори за нова опрема, противвоздушната одбрана во фокусот

2026-та Македонија влегува во фаза на преговори со нашиот стартешки партнер и други држави за нова опрема, пред се за противвоздушна опрема, изјави министерот за одбрана Владо Мисајловски во интервју за ТВ Алфа со новинарот Љупчо Цветановски. Најважно е во еден ваков амбиент, посочува Мисајловски, да вложуваме кај нас, да градиме пријателства, да бидеме спокојни и цврсти како Влада и стабилни како држава и опоштество.

„Оваа година ќе влеземе во една фаза на преговарање со повеќе држави и пред се’ со нашиот стартешки партнер за многу нова опрема, која што пред се ќе биде за противвоздушната одбрана, тоа се милиони евра кои ќе мора да се вложат и сето ова ќе биде во една транспарентна постапка. Мораме да вложуваме, особено гледајќи го ова што се случува на Блискиот Исток и другите жаришта, Украина не смее да се заборави, каде постојано се војува и ние да гледам што повеќе да се организираме, затоа што гледате и самите дека наративите и од Балканот се такви какви што се, но ние да си вложуваме кај нас, да градиме пријателства, да бидеме спокојни и цврсти како Влада, да бидеме стабилни, тоа е многу важно да имаме стабилен амбиент, стабилна политичка гарнитура за многу години од сега, да го гледаме тоа како еден добар показател за вложување дополнително, се разбира во една мирна состојба“, потенцира министерот Мисајловски, кој најави огромен број проекти за подобрување на условите и капацитетите на одбраната.

„Има многу проекти. Еве сега правиме набавка од половина милион евра само за реновирање и реконструкција, да влеземе секаде, само за да почнеме. Знаете, ќе слушнете на некои медиуми, ваква или онаква била состојбата, 30 години е лоша. Но минатата година е набавено се од и за хигиена, нови униформи, нови чизми итн.

Дали може наеднаш се да се направи, сите капацитети, да, јас би сакал најмногу од сите. Дополнително ќе вложиме во секој објект, во секоја касарна, еве деновиве ќе имаме  состаноци за дополнителни објекти во самото министерство, нови системи, нови средства за сајбер опрема итн. 17 се оние само кои се дел од поголемата инфраструктура, ќе бидат многу повеќе“, изјави Мисајловски, најавувајќи година на обнова на капацитетите во македонската одбрана.