Актуелно 13.09.2018 15:10

Арсовски: Граѓаните се заложници на картелот на СДСМ кој владее криминално на централно и локално ниво

Арсовски: Граѓаните се заложници на картелот на СДСМ кој владее криминално на централно и локално ниво

СДСМ владее криминално и на централно и на локално ниво. Не може да се очекува ништо поинаку од соработниците на човек кој е три пати аболициран и кого целата јавност го виде како јавно бара поткуп од едно евро за Вицето, вели Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

-Уште колку треба да ја посрамотат земјава и уште колку треба да го ограбат народот за да се понесе одговорност за скандалите. Градоначалникот на Ново Село се уште е човек кој ни помалку, ни повеќе беше фатен како шверцува цигари! Сега СДСМ бега и од скандалот со градоначалникот на Демир Хисар Марјанче Стојановски како ѓавол од темјан. Причината е повеќе од јасна. Градоначалникот со својата скандалозна изјава открива сомнежи дека СДСМ има организирана партиска структура во МВР кои вршеле прислушкување и следење на граѓани, во случајов наставнички од едно основно училиште само затоа што се противеле на прераспределување. СДСМ очигледно ја штити ваквата сталинистичка метода и допушта градоначалникот на Демир Хисар уште и да се заканува на сите медиуми кои објавија за овој скандал. Што би рекол народот ем шуто ем боде, а тоа СДСМ го допушта. Граѓаните со свои очи видоа и со свои уши слушнаа како градоначалникот вика сред училница пред ученици: „Заборавате дека во МВР работев, заборавате дека ги слушам сите телефонски јавувања. Одење од куќи и така натака“. Ова е СДСМ на дело, прислушкува, се заканува, врши притисок и се заканува со тужби. Ако ова го прават за еден протест за прераспределба на учителки, јавноста само може да замисли што прави СДСМ со вработените во администрација пред избори или пред референдумот за овој капитулантски договор, истакна портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

Арсовски порачува дека обвинителството мора да реагира бидејќи постојат сомнежи дека се прекршени редица членови од Кривичниот законик, но пред тоа градоначалникот да си поднесе оставка за да не ја спречува истрагата и да не врши притисок врз сведоците.

-Зоран Заев патем треба да одговори дали градоначалникот на СДСМ од Демир Хисар имал пристап до нелегално прибавените разговори, дали ги слушал или како член на МВР учествувал во партиска структура која вршела и можеби се уште врши прислушкување? Граѓаните не смеат и нема да бидат заложници на овој криминално-удбашки картел кој е на власт. Тие се повеќе се охрабруваат и јасно се спротивставуваат на штетните политики на Зоран Заев. Ова лудило на власта, ова лудило на Зоран Заев добива само уште една потврда со скандалот со градоначалникот на Демир Хисар, истакна Арсовски.