Актуелно 05.09.2018 12:11

Цуцуловски: Владата не штеди кога се работи за парите на граѓаните, нема оправдување за вакво расипничко однесување

Цуцуловски: Владата не штеди кога се работи за парите на граѓаните, нема оправдување за вакво расипничко однесување

Професорот на Филозофскиот Факултет во Скопје, Љубомир Цуцуловски во своето вчерашно гостување во емисијата отворено студио на телевизија Алфа истакна дека кога станува збор за престојниот референдум за промена на името владата се однесува расипнички со парите на граѓаните.

Тој забележа дека владата не штеди кога се работи за парите на граѓаните и нема никакво оправдување за ваквото нејзино расипничко однесување. Според него сумата од 1.3 милиони евра која владата од џебот на граѓаните ја алоцира за пропаганда за референдумот е премногу.

-Владата не штеди кога се работи за парите на граѓаните. Според тоа дури и да има законска основа нема оправдување за вакво расипничко и накално, наметливо однесување. Кога вела расипливо, со оглед на сумата, јас колку што знам станува збор, официјално за 1 милион и 300 илјади евра, вели Цуцуловски.

Најнови вести