Нов закон за имиграција подготвува Германија.
Со тој закон, како што се соопштува се очекува да се донесе повеќе работна сила од таканаречените трети земји.
Новиот закон за имиграција е во подготовка, а целта е поради недостаток на квалификувани работници да се поедностават процедурите, не само за високо образован кадар, туку и за оние кои имаат завршено средно школо.
Ако покаже вештини и знаење, секој работник кој ќе дојде во Германија и ќе најде работа, ќе може полесно да се досели.
Доселувањето оди преку луѓе, така што многу компании даваат и награди за оние работници кои ќе донесат работник.
Најважно на крај ќе биде познавањето на германски јазик, а годините не се важни ако се работи за дефицитарни професии.
Последните податоци од службите за вработување пак покажале дека работници од источна Европа пополниле стотици илјади работни места, а како што пренесе и Дојче Веле бројот на вработени во јули е за 700 илјади повисок од лани.
Статистиката покажува дека од таа бројка, Германците пополниле 330 илјади работни места, додека странците – 370 илјади работни позиции.