На официјалната страна на Јавни набавки објавен е оглас од страна на Министерството за внатрешни работи каде ова министерство планира да потроши 450 илјади евра за гориво.
Имено, во делот предмет на договорот за јавна набавка стои гориво со вредносни ваучери додека во делот проценета вредност стои износ од 27.750.000 денари.
Расипништвото на институциите на Република Македонија не престанува, огромни суми на пари се трошат за основни работи од страна на сите институции што фрла сенка врз работата на истите.
Според експертите работата на институциите не е унапредена додека пари се трошат за луксузирање што додатно ја ослабува довербата на граѓаните во нивната работа.