Актуелно 05.07.2018 16:13

ММФ ги намали прогнозите за економскиот раст на Германија

ММФ ги намали прогнозите за економскиот раст на Германија

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ја намали прогнозата за економскиот раст на Германија за 2018-та година до 2,2%, наведувајќи дека зголемениот протекционизам и заканата од „hard Brexit“ ја изложуваат најголемата европска економија на значителен ризик во краток рок.

Според претходната прогноза од април на финансиската, очекувањата за раст на БДП-то беа 2,5%, објави „Ројтерс“.

Во однос на очекувањата за 2019-та година, сепак, има мало зголемување на 2,1% од 2%.

Во извештајот од ММФ велат дека краткорочните ризици како значителното зголемување во светскиот протекционизам, „hard Brexit“ или преоценувањето на суверениот ризик во еврозоната, кои водат до нов финансиски стрес, се значајни и можат да се одразат на германскиот извоз и инвестиции.

ММФ, исто така, ги поздрави плановите на коалициската влада на германската канцеларка Ангела Меркел за зголемување на јавните инвестиции и поддршка на долгорочниот раст, но додаде дека Берлин може повеќе.

Во позадина на драстично постарото население во Германија од ММФ препорачуваат дополнително инвестирање во инфраструктура и образование, како и создавање на повеќе стимулации за приватни инвестиции.

„Ваквите мерки ќе го стимулираат растот на продуктивноста, ќе го зголемат долгорочното производство и ќе го намалат големиот суфицит на тековната сметка на Германија“, посочуваат уште од финансиската институција.

Вишокот се намали до 0,8% од економското производство во минатата година од 8,5% во 2016-та година, но се очекува да се зголеми повторно до 8,3% во оваа година, забележуваат уште од ММФ.

Во меѓувреме денеска стана јасно дека германските производствени нарачки забележуваат поголем од очекуваниот скок во мај, искоренување на четирите последователни месеци на пад.

Според податоците на германскиот сојузен завод за статистика, нарачките пораснаа за 2,6% на месечна основа, по падот од 1,6% во претходниот месец. Ова е исто така над предвидувањата на економистите анкетирани од страна на „Ројтерс“, за раст од 1,1%.