Финансии 31.10.2018 11:44

Не се знае дали пензионерите ќе мора да поднесуваат годишна даночна пријава

Не се знае дали пензионерите ќе мора да поднесуваат годишна даночна пријава

Сè уште не се знае дали пензионерите и оние кои имаат само приходи од плата ќе треба електронски да достават годишни даночни пријави. Оваа новина која што летово ја најави Управата за јавни приходи предизвика жестоки реакции кај пензионерите кои што немаат можност електронски да ја спроведат оваа постапка. УЈП најави промени на законското решение со која пензионерите ќе бидат исклучени од оваа обврска, но, засега тоа сеуште е само најава.

„Тоа е пред се работа на УЈП, но нашата интенција, јас веќе кажав, сме зборувале со УЈП, јас мислам дека они работат на изнаоѓање едно решение каде што ќе им се овозможи на пензионерите да не одат, да не поднесуваат такви пријави туку по административен пат да се добиваат. Јас лично го поддржувам тоа, но треба и технички тоа да се заврши во Управат за јавни приходи пред да биде јавно кажано“, рече Драган Тевдовски, министер за финсии.