Економија 30.11.2018 20:10

Невработеноста во Европската унија останува стабилна

Невработеноста во Европската унија останува стабилна

Невработеноста во Европската унија останува стабилна на 6,7 отсто во октомври наспроти септември. Ова го покажуваат податоците на „Евростат“, од кои станува јасно дека на годишна основа има намалување од 7,4% во октомври 2017-та година, тоа е и најниското нејзино ниво откако се води месечната статистика на европската служба.

Во еврозоната, сезонски прилагодената стапка на невработеност, исто така, остана непроменета со 8,1% на месечна основа и има пад во истиот период од минатата година кога изнесуваше 8,8%. Ова се најниските вредности регистрирани во валутниот блок од ноември 2008-ма година.

Според податоците на „Евростат“ 16,626 милиони мажи и жени во ЕУ, од кои 13,172 милиони во еврозоната, биле без работа во октомври 2018-та година во однос на септември нивниот број се намалува со 4.000 луѓе во ЕУ и расте со 12.000 луѓе во еврозоната. На годишно ниво се намалува за повеќе од 1,5 милиони во ЕУ и 1,1 милион во валутниот блок.

Меѓу земјите-членки, невработеноста беше најниска во Чешка (2,2%) и Германија (3,3%) во минатиот месец. Највисоки бројки продолжуваат да се забележуваат во Грција (18,9% во август 2018-та година) и Шпанија (14,8%).

Невработеноста кај младите е 11,9% – минимален пад од 12% од претходната година и 12,4% во септември.

На годишна основа, овој индикатор се намалува во сите земји на Унијата, со најголемо намалување во Хрватска и Грција за речиси два процентни поени.

Невработеноста кај младите (под 25 години) во октомври изнесува 15,3% во ЕУ и 17,3% во еврозоната. Ова е пад од речиси еден процентен поен во двата региони. Минатиот месец без работа беа 3.468 млади луѓе, од кои 2.503 милиони беа во еврозоната.