Актуелно 21.09.2018 09:24

ОВА НЕ Е СКАНДАЛОЗНО, ОВА Е НЕВИДЕНО: Градоначалничката купила службен автомобил, организирала кетеринг со морски плодови и „помија“ за „обичните“

ОВА НЕ Е СКАНДАЛОЗНО, ОВА Е НЕВИДЕНО: Градоначалничката купила службен автомобил, организирала кетеринг со морски плодови и „помија“ за „обичните“

Кога „сељакот (карактерна особина)“ ќе се покондури, старите велат дека резултатот никогаш не може да биде добар. Таков е и случајот со градоначалничката на општина Старо Нагоричане која си набавила службено возило со пари на граѓаните, а истото си го користи за приватни цели

 

Револтирани граѓани на општина Старо Нагоричане, иако претходно се обиделе институционално да делуваат на самоволието на нивната градоначалничка, на крајот се одлучија информациите за хаосот кој се случува во општината да ги обелоденат на нашата редакција.

Она што се случува во општината е еднакво на лудило – велат револтираните жители, објаснувајќи дека градоначалничката се однесувала како робовладетел. Додаваат дека за возило кое го набавила со пари од буџетот на општината, таа приредила и забава за вработените, небаре части за нов автомобил.

Според она што ни го пренесоа нагоричанци, Жаклина Јовановска градоначалничка од редовите на СДСМ, набавила нов автомобил „Шкода Октавија“ за неверојатни 1.108.000 денари. За возилото, таа приредила и банкет во општината, со организиран кетеринг на кој се служеле исклучиво морски плодови. На забавата и частењето за новиот автомобил биле повикани и членовите на локалната партиска организација на СДСМ.

Додаваат, дека надвор во дворот на општинската зграда исто така се делело јадење и пиење за „обичните“.

Во услови кога Старо Нагоричане е општина со најмала стапка на вработеност во државата, а општината функционира со блокирана сметка, ваквото самоволие е надвор од умот – додаваат нагоричанци.

Договорот за лизинг на возилото е склучен со „Порше Лизинг“ на 36 рати.