Актуелно 29.08.2018 22:00

Предреферендумска инјекција и за учениците и студентите – Владата доделува околу 1000 стипендии

Предреферендумска инјекција и за учениците и студентите – Владата доделува околу 1000 стипендии

Владата на денешната седница, согласно одлуката за утврдување на бројот на стипендистите и висината на стипендиите за ученици запишани во средните училишта за учебната 2018/2019, донесе одлука 100 талентирани ученици и 80 талентирани ученици-спортисти да добиваат стипендија во висина од 2.970 денари.

Освен тоа, 100 учениците со посебни потреби и 50 ученици – деца без родители ќе добијат стипендија од 2.750 денари, а 400 ученици ќе добијат стипендија за социјална поддршка од 2.200 денари. Стипендии се предвидени и за учениците – Роми.

Владата исто така, донесе одлука за доделување на 50 стипендии на странски државјани од интерес на Република Македонија, односно за студенти со македонско потекло кои живеат во државите на Балканскиот полуостров.

Стипендии ќе добијат студентите кои ќе се запишат како редовни студенти на државните универзитети: „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, „Св. Климент Охридски“ – Битола, „Гоце Делчев“ – Штип, Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ – Охрид, „Мајка Тереза“ – Скопје и Универзитетот во Тетово во студиската 2018/2019 година.