Актуелно 27.04.2018 14:51

Работниците на “Еурокомпозит“ повторно на протест

Работниците на “Еурокомпозит“ повторно на протест

Денеска вработените од “Еурокомпозит“ повторно излегоа на протест, четиринаесетти по ред, блокирајќи го два часа магистралниот пат Плетвар- Прилеп- Битола кај клучката после бензинската пумпа на “Лук Оил“.

Денеска вработените од “Еурокомпозит“ повторно излегоа на протест, четиринаесетти по ред, блокирајќи го два часа магистралниот пат Плетвар- Прилеп- Битола кај клучката после бензинската пумпа на “Лук Оил“. Тие сметаат дека уште еднаш се излажани, бидејќи не ја добија ветената плата, а претставниците на власта се правдале дека имало неколкудневна процедура, новиот в.д.- директор да депонира потпис во Централниот регистер.
– Ние колку што знаеме, на сметката нема пари за да ни се исплати плата, а тие не лажат дека има. Ние не знаеме веќе што да преземеме понатаму, па мораме вака да излегуваме по патиштата. За вторник сме решени да го искористиме првомајскиот протест да одиме пред Владата и да ја известиме дека остануваме во Скопје, поставуваме шатори и с`е додека не се реши проблемот во “Еурокомпозит“, да не отстапуваме од пред Владата- рече  Роберт Богданоски, претседател на СИндикатот на “Еурокомпозит“.
Овој пат нема да попуштиме, нашите проблеми ќе ги носиме во Скопје и ќе бараме исплата на заостанатите придонеси и гаранции за исплата на бруто- плата, велат синдикалците на “Ееурокомпозит“.
– Просто е неверојатно, како случајот со “Еурокомпозит“ се претвора во историски процес и се уште е нејасно, кој и зошто си поигрува со судбината на неколку стотини прилепски фамилии.