Русија ќе го намали бројот на американски хартии од вредност што ги поседува, како одговор на новите санкции на Соединетите Американски Држави, соопшти рускиот министер за финансии, Антон Силуанов.
„Русија повеќе ќе се насочи кон користење на рубљата и другите валути меѓу кои и еврото, наместо американскиот долар“, рече Силуанов.
САД минатата недела воведоа нови санкции против Русија поради наводна одговорност за труење на поранешниот шпион, Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија во Солзбери во Велика Британија.