Актуелно 24.09.2018 14:42

Руски нафтени компании се подготвуваат да се ослободат од американскиот долар во корист на еврото и другите валути

Руски нафтени компании се подготвуваат да се ослободат од американскиот долар во корист на еврото и другите валути

Нафтената компанија Surgutneftegas се приклучи на листата со руски енергетски компании што се подготвени да се ослободат од американскиот долар во корист на еврото и другите валути.

Според пораката што ја испрати Surgutneftegas до еден од своите клиенти, се посочува дека нафтената компанија сака да избегне какви било проблеми со плаќање во долари.

„Ние не ја коментираме нашата комерцијална активност“, рече компанијата, четвртата во однос на производството. Овој потег е во согласност со неодамнешните препораки на Кремљ.

Во август рускиот министер за финансии, Антон Силуанов, рече дека Русија би можела да го одврати американскиот долар во трговијата со нафта. Рускиот министер за енергија, пак, Александар Новак, рече дека владата ја разгледува можноста за тргување со нафта во националните валути, особено со Турција и Иран.

Surgutneftegas не е единствената руска енергетска компанија што вели дека работи на тоа да се намали зависноста од доларот. Според информации на тамошните медиуми, руски Gaspromnjeft веќе има договори што имаат трговска клаузула без американски долар.