Актуелно 30.08.2018 15:28

Шилегов ѝ признал на Колариќ дека криминалот е зголемен зошто криминалците се ослободени од оваа Влада

Шилегов ѝ признал на Колариќ дека криминалот е зголемен зошто криминалците се ослободени од оваа Влада

Во своето обраќање до градоначалникот на град Скопје, Петре  Шилегов советничката од ВМРО-ДПМНЕ, Светлана Колариќ рече дека една од надлежностите на градоначалникот е заедничко и системско решение Градот Скопје да биде безбеден. Таа дополнително откри дека градоначалникот Шилегов во разговор со неа признал дека криминалот е зголемен и тоа е нормално зошто Владата од затвор пуштила 800 криминалци кои сега ги принудуваат граѓаните да живеат во страв.

„Проверете дали зборувам вистина и проверете ги извештаите. Пред 3-4 месеци надвор од општинската зграда јас ве прашав дека сум загрижена за она што се случува во градот Скопје. Можеби не е ваше но вие знаете што ми кажавте. Нормално е да има кражби затоа што ние пуштивме 800 криминалци. Тие се навикнати да крадат, да убијат и повторно да се вратат назад во затвор“ рече Колариќ

Колариќ преку личен пример додаде дека станот во кој што таа живее е исто така ограбен но обиени се и други 5 стана во истата зграда. Таа исто така посочи дека во Припор ограбени се 40 семејства кои живеаат на истата улица. Дополнително таа ги наведе и секојдневните ограбувања на аптеките каде вработените се истрауматизирани и не се способни да си ја извршуваат својата работа.

Најнови вести