Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, издаде декрет за користење на лирата при купување, продавање и изнајмување недвижности и возила, велат од кабинетот.
Декретот е објавен во „Службениот весник на Турција“.
Договорите за купопродажба или издавање движни и недвижни имоти и возила, а кои биле извршени во странска валута, ќе бидат претворени во турски лири во рок од 30 дена, се вели во декретот.
Според документот, во постојните договори веќе договорените суми што се во странски валути ќе бидат претворени во турски лири во рок од еден месец, а условите за декретот ќе бидат усогласени со Министерството за финансии.
На 29 август министерот за финансии, Берат Албајрак, изјави дека владата ќе преземе мерки со кои ќе спречи користење странски валути во купопродажбата на недвижности, како и за кирии.