Актуелно 24.04.2018 12:23

Узунов ги призна добрите економски политики на ВМРО ДПМНЕ : Условите се сосема различни сега од 2006- економијата беше урнисана сега е развиена и може да се воведе прогресивен данок

Узунов ги призна добрите економски политики на ВМРО ДПМНЕ : Условите се сосема различни сега од 2006- економијата беше урнисана сега е развиена и може да се воведе прогресивен данок

Во емисијата Тренд Анализа која се одржа вчера на ЅВ 24 во која учествуваа универзитетскиот професор и поранешен министер Трајко Савески, универзитетскиот професор и актуелниот економски советник Ванчо Узунов и економскиот аналитичар Слободан Најдовски. На дебатата стана збор и за прогресивното оданочување на персоналниот данок .

Узунов истакна дека треба да се објасни која е основната причина за воведување на оваа промена во оданочувањето. Тој кажа дека рамниот данок има свои предности како ефикасност на наплата, пораст на вработеноста, пораст на плати но дека исто така има негативно како социјално раслојување.

На ова реагираше Трајко Славески дека изнесените тези од страна на Узунов за рамниот рамниот данок не се точни. Тој вели дека рамниот данок донесе намалување на невработеноста и дека тоа го има во Извештајот на Европската Комисија дека просечно од периодот кога невработеноста беше скоро 40 % се намалувала просечно од 2006 до 2016 за 2, 8 % годишно. Стапката на сиромаштија се намалила.

Трајко истакна дека земја затекната со 38 % невработеност во 2006 година кога ВМРО ДПМНЕ дојде на власт се смета за земја инвалид. Славески на прашање на Узунов кои земји во светот имаат рамен данок истакна дека имaат оние земји кои што произлегоа од системи и стопанства кои што колабираа и мораа да воведат рамен данок заради предностите што ги нуди оваа мерка.
Узунов пак ја спореди македонската економија со Англија,Шпанија, Франција како пример за развиени земји кои немаат рамен данок и заради тоа што се развиени воведуваат прогресивен данок.

Узунив истакна:
-„Македонската економија не е веќе колабирана и не треба да се враќа назад “

На ова Славески истакна дека Македонија треба да направи добра анализа за тоа дали сега е моментот за воведување на мерката прогресивен данок бидејќи смета дека сеуште корисноста на рамниот данок не е исцрпена во македонската економија која после воведувањето Македонската економија доживеа инвестициски бум и намалување на невработеноста од огромни 38 % на 22,9 %.