Актуелно 26.12.2018 19:03

Вељаноски до Заев: Кога ќе го исполните ветувањето дека ќе имате најмногу 20 министри во Владата?

Вељаноски до Заев: Кога ќе го исполните ветувањето дека ќе имате најмногу 20 министри во Владата?

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Вељаноски на денешната собраниска седница го потсети премиерот Зоран Заев дека се уште го нема исполнето ветувањето за намалување на бројката на министри, односно дека бројот на министри нема да биде повеќе од 20.

– Господине Заев кога ќе го исполните барањето кое што го дадовте на граѓаните кое го има и „план за живот“? Ветивте дека ќе има најмногу 20 министри. Година ипол има до наредни редовни парламентарни избори вие таа обврска не ја исполнивте, истакна Вељаноски.

Тој посочи дека премиер и уште 15 министри е бројката која мора да се исполни, а се друго е коалиционен договор на сметка на државата, и затоа сега сме доведени до ситуација кога се ставени министри кои цел мандат не исполниле ништо од својата задача.

– На секоја реконструкција на Влада ќе ве потсетуваме и се надеваме дека до крај на мандат ќе ја исполните. Зошто имате плус 9 или 10 министри кога ветивте дека нема тоа да го правите?, запраша Вељаноски.

На крајот тој потенцираше дека сериозноста на Владата и собранието граѓаните може да ја видат по тоа што истовремено додека има една важна работа како реконструкција на влада, половина од пратениците мора да се по комисии каде што нетранспарентно се носат закони по скратена постапка.